Preloader
грин еко солушн груп

Зелено општество

Нашата компанија е дел од околината во која живееме – со нашите обврски!

субвенционира
инвестира
организира
соработува
Рециклирање на текстил

За нас

Во свет каде што одржливоста станува дел од секојдневниот бизнис, Грин Еко Солушн Груп ДОО е Ваш стратешки партнер за ефикасно, одговорно и законски усогласено управување со текстилен отпад.
Основани во јануари 2025 година и овластени со дозвола за постапување со текстилен отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина (Сектор за управување со отпад) од 24.02.2025 година, заведена под Арх Бр. 11-870/2, ние сме дел од новата генерација компании во Република Северна Македонија која нуди, комплетно решение за текстилниот отпад – од собирање до рециклирање, преку промовирање, координирање и финансирање на активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилен отпад.
Нашата основна дејност управување со текстилен отпад е водена од начелото „загадувачот плаќа“ и е целосно усогласена со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови, со цел да се исполнат националните еколошки цели.
Ги поддржуваме и сме отворени за соработка со сите производители и увозници на текстилни производи, во исполнување на нивните законски обврски да воспостават систем за управување со текстилниот отпад, притоа создавајќи долгорочна вредност – и за компаниите и за животната средина.
Во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови, кој стапи во сила на 17 септември 2021 година, сите компании што произведуваат или увезуваат текстилни производии и ги пласираат на македонскиот пазар се обврзани да обезбедат ефикасен систем за собирање, селекција и третман на отпадот, што се создава по завршувањето на животниот циклус на нивните производи користени од страна на крајните потрошувачи. Исклучок од оваа обврска се однесува само на правни лица кои пуштиле во промет или увезле во Република Северна Македонија помалку од 10 килограми текстил годишно, согласно член 20 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад.
Со развој на национална инфраструктура за собирање на селектираниот текстилен отпад, едукативни програми и соработка со индустријата и граѓаните, нашата мисија е јасна:
“Да го трансформираме текстилниот отпад во ресурс и да придонесеме за почиста, поодржлива иднина.”
Нашата визија е значително намалување на количината на текстилен отпад во земјата, а тоа ќе го постигнеме преку промовирање на индивидуална и колективна еколошка одговорност, како и преку континуирана едукација и поддршка на практики за рециклирање и повторна употреба на текстилот.
Грин Еко Солушн Груп ДОО – каде што одговорноста станува можност за промена.
Ја предводиме трансформацијата кон одржлива текстилна индустрија во Република Северна Македонија.
Придружете ни се – заедно можеме повеќе.
Подготвени сме за соработка. Контактирајте не денес!

Главна цел е да создаваме зелена средина!

Селектирање
Сортирање
Рециклирање
За повеќе информации +389 78 911 079
зелена планета

Заедно за зелена планета

100%

Заштеда
нашите обврски

Обврски нa
Грин Еко Солушн Груп

Главна обврска е да се воспостави систем за управување со текстилниот отпад во согласност со принципите за заштита на животната средина и со важечките законски прописи во РСМ, како и со меѓународните стандарди. 

Со собраните финансиски средства  Грин Еко Солушн Груп ќе: 

лиценцирани компании кои вршат селекција, собирање и транспорт на текстилен отпад. Со ова текстилниот отпад ќе биде подготвен за реупотреба, рециклирање, создавање иновативни производи и енергетска вредност.

во инфраструктура - поставување на соодветни контенјери за селекција на текстилниот отпад и текстилните производи.

медиумски кампањи за мотивирање и информирање на граѓаните за важноста на правилната селекција на текстилот и текстилниот отпад, како и подигнување на свесноста за вреденоста на овој ресурс.

Зелена иднина за планетата...

*100%

Ефикасност

  • Собери
  • селектирај
  • рециклирај
  • редуцирај

Ценовник за 2026 г.

* цените се без вкалкулиран ДДВ од 5%

500+

Собрани теписи, килими

1500+

Детска облека

8000+

Друга облека
Повици за соработка
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ИЛИ ФИЗИЧКО ЛИЦЕ ЗА СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТ, СКАЛДИРАЊЕ И/ИЛИ ПРЕРАБОТКА НА ОТПАДЕН ТЕКСТИЛ ЗА 2025 ГОДИНА

За потребите на ГРИН ЕКО СОЛУШН ГРУП ДОО Скопје со ЕМБС 7822928 и ЕДБ
МК4082025539606, се покануваат сите правни и физички лица кои што поседуваат
важечки лиценци и дозволи да достават понуда за собирање, транспорт, складирање,
преработка, рециклирање на отпаден текстил.
Потребна документација за избор на правно или физичко лице согласно повикот:
             • Тековна состојба доколку понудувачот е правно лице, не постара од 6 месеци
             • Лична карта доколку понудувачот е физичко лице
             • Важечка дозвола за собирање, транспорт, складирање, преработка, рециклирање                 паден текстил издадена од Министерство за животна средина и просторно
               планирање
             • Сообраќајна дозвола од возилото/лата
             • Финансиска понуда
     Понудата треба да се достави на следниов e-mail info@gesg.mk најдоцна 10 работни
дена од денот на објавување на повикот.
     Грин Еко Солушн Груп ДОО Скопје ќе склучи договор само со правни или физички лица кои што ќе ја достават во целост документацијата согласно зададениот рок. Понудите испратени после зададениот рок нема да бидат земени во предвид согласно јавниот повик.

Скопје, 10.04.2025 година

Побарајте за повеќе информации +389 78 911 079
Пред да прашате!

Најчесто Поставувани Прашања

Најчесто поставени прашања од правните и физичките лица.

Бидете

Информирани
Контактирајте нè лесно – само пополнете го формуларот!

Контакт!